Од копнежот создадов оган
сега ме обзема и излудува
таму каде што беше ти гостин
а сега безсрамно господаруваш.
И како роденденска свеќа
го чекам твојот здив да замолкнам
да ја шепнеш желбата на нечуен јазик
и само јас да можам да ја остварам.
Сега како восочна фигура исчекувам
да го видиш во мене најблиското
од остварувњето на твоите соништа
и со еден допир да станам реална.
Од копнежот создадов оган
но веќе полноќ доаѓа
јас не сум повеќе твоја желба,
во заборав изгаснав...

Има роденденски свеќи кои се палат одкога ќе ги згаснат :) .
ReplyDeleteСекогаш гори оганот на личноста.