Од вечност до вечност, од Пекол до Рај
заборавена земја се простира во безкрај
низ магла мрачна како облак бурен
и боја на воздух како залез пурпурен
може да се видат само сенки темни
или да осетиш под гола нога црвја земни,
и една неподнослива реа на пресен гроб
те поразува на земја како послушен роб.
Вресок кој за одговор го има ехото свое
буди само леден мрак од болките кроен
кој со своите крила го покрива небото сето
и остава во овој затвор да скапуваш клето.
Низ пресушен плач се прашуваш чиво е ова дело
и со изгубен разум го викаш создавачот смело,
со кој грев си заслужил ужасов да ти стане дом
или побрзо да се разбудиш доколку е само сон.
И од земјата се кренаа коските суви, ледни
кон тебе алчно погледнуваат за живот жедни
еден глас те прободува, низ тело па се до душа
подбивно ти вели, човеку внимателно слушај...
твојот живот не е вреден за внимание свето
од небесниот Господ,подлиот Сатана или божество трето
желен си да дознаеш за створов кој е виновникот прав
не го познаваш ли своето дело, ова е твојот страв!
Tuesday, August 31, 2010
Subscribe to:
Posts (Atom)
