Од копнежот создадов оган
сега ме обзема и излудува
таму каде што беше ти гостин
а сега безсрамно господаруваш.
И како роденденска свеќа
го чекам твојот здив да замолкнам
да ја шепнеш желбата на нечуен јазик
и само јас да можам да ја остварам.
Сега како восочна фигура исчекувам
да го видиш во мене најблиското
од остварувњето на твоите соништа
и со еден допир да станам реална.
Од копнежот создадов оган
но веќе полноќ доаѓа
јас не сум повеќе твоја желба,
во заборав изгаснав...
