Monday, September 7, 2009

Swallowed


Го слушам како доаѓа,
наместо првата ангелска труба, последниот чекор наговестува
и знам светот веќе умира,
но наместо грандиозно да гори, во моите очи тивко згаснува.

Една последна молитва
и раце кои околу вратот се обвиваат, згрозена од чувството
како таму да припаѓаат
и го одземаат точно она кое се плашев дека ќе го изгубам.

Ме остави потполно сама
да се восхитувам на сликата која од мојот кошмар е ослободена,
се прашувам што останува
дали мртвите плачат, дали воопшто се сеќаваат за што се борат.

Го слушам како доаѓа, непобедлив пред мене застанува
Само една последна молитва, шепни ми кога се ќе заврши
Кога ќе останам потполно сама, дека јас тебе те повикав
да се сетам, кога немам веќе што да изгубам, како е да не те чувствувам...