Wednesday, December 15, 2010

Некаде на крајот



Сеуште се прашував кој е мојот пат, а веќе целта ја гледам
Нема време за лебдење, стапалата сами се движат
Уверена во единственоста на ЈАС,но туѓи сенки следам
Стравовите од кои бегав се повеќе се ближат…

Никогаш не можев да ја научам разликата помеѓу среќа и смеа
Да сакаш да останеш засекогаш со личност една
Или пак е да не можеш да замислиш да живееш без неа
Што е поважно, да си најголема или да си последна.

И песните што ќе ги пишам ќе останат замо за мене
Немам сила да најдам смислол на секоја рима
Се страшно што ќе дојде, ќе биде победено од време
А секоја твоја насмевка како милост ќе ја примам.

Сеуште се прашувам кој е мојот пат…а веќе заврши се….

Tuesday, August 31, 2010

Земјата на Стравот

Од вечност до вечност, од Пекол до Рај
заборавена земја се простира во безкрај
низ магла мрачна како облак бурен
и боја на воздух како залез пурпурен
може да се видат само сенки темни
или да осетиш под гола нога црвја земни,
и една неподнослива реа на пресен гроб
те поразува на земја како послушен роб.
Вресок кој за одговор го има ехото свое
буди само леден мрак од болките кроен
кој со своите крила го покрива небото сето
и остава во овој затвор да скапуваш клето.
Низ пресушен плач се прашуваш чиво е ова дело
и со изгубен разум го викаш создавачот смело,
со кој грев си заслужил ужасов да ти стане дом
или побрзо да се разбудиш доколку е само сон.

И од земјата се кренаа коските суви, ледни
кон тебе алчно погледнуваат за живот жедни
еден глас те прободува, низ тело па се до душа
подбивно ти вели, човеку внимателно слушај...
твојот живот не е вреден за внимание свето
од небесниот Господ,подлиот Сатана или божество трето
желен си да дознаеш за створов кој е виновникот прав
не го познаваш ли своето дело, ова е твојот страв!

Friday, June 4, 2010

Невидлива




Зар не е прекрасно ова изгрејсонце-рече стоејќи пред мене
А јас се склопчувам во студенилото на твојата сенка
И продолжи со сиот занес да градиш светови во твоите мисли
Светови на кои не можев ниту до вратата да допрам
Ме покани да летаме заедно, ги рашири рацете и скокна
А јас заслепена од светлината, останав на земја...

Како маченик, со погледот во земја, конечно можев да видам
Секој чекор кој тука порано стапнал и оставил трага
А со мојата дланка не можев ни прашината од цветот да ја тргнам
Ја отворив устата и ослободив сила за очајнички крик
Ниту звук, ниту воздишка, болка со големина на избришана солза
Сега сум сигурна, јас тука повеќе не припаѓам...

Ги спакував насмевките во најмалиот куфер во облик на лага
И ги закопав на местото кадешто требаше да биде мојата среќа
Онаму каде што одам, ќе си создадам ново лице
И очи за кои нема да бидам невидлива...

Sunday, February 7, 2010

Желба изгубена



Од копнежот создадов оган
сега ме обзема и излудува
таму каде што беше ти гостин
а сега безсрамно господаруваш.
И како роденденска свеќа
го чекам твојот здив да замолкнам
да ја шепнеш желбата на нечуен јазик
и само јас да можам да ја остварам.
Сега како восочна фигура исчекувам
да го видиш во мене најблиското
од остварувњето на твоите соништа
и со еден допир да станам реална.

Од копнежот создадов оган
но веќе полноќ доаѓа
јас не сум повеќе твоја желба,
во заборав изгаснав...

Monday, September 7, 2009

Swallowed


Го слушам како доаѓа,
наместо првата ангелска труба, последниот чекор наговестува
и знам светот веќе умира,
но наместо грандиозно да гори, во моите очи тивко згаснува.

Една последна молитва
и раце кои околу вратот се обвиваат, згрозена од чувството
како таму да припаѓаат
и го одземаат точно она кое се плашев дека ќе го изгубам.

Ме остави потполно сама
да се восхитувам на сликата која од мојот кошмар е ослободена,
се прашувам што останува
дали мртвите плачат, дали воопшто се сеќаваат за што се борат.

Го слушам како доаѓа, непобедлив пред мене застанува
Само една последна молитва, шепни ми кога се ќе заврши
Кога ќе останам потполно сама, дека јас тебе те повикав
да се сетам, кога немам веќе што да изгубам, како е да не те чувствувам...

Wednesday, July 15, 2009

(Бе)значајност



Се прашував….што ќе се случи со светот доколку престанам да дишам…

Го задржав здивот и чекав да видам…

Саатот продолжи да чука, гласно и безначајно…безобзирно
Ги извадив батериите но и без него времето продолжи да ита.

Една жена на телевизорот со лажна загриженост прогнозираше врнежи
Ах, колку сме уште мали, кога ќе се присетам, од дождот немаше ни капка.

Еден комарец започна вознемирувачки да зуе околу мојата збунета глава
Се сетив, тие живеат околу дваесетина дена, замавнав да го убијам

Телефонот заѕвоне, а на него твоето име со насмевка

Земав здив храбро…ова не смеам да го пропуштам…

Sunday, February 22, 2009

Приказна од еден сон...


Донесена како зрак, нежна, беспомошна

впиена од твоите очи

треперејќи на врвот на твоите прсти

и се е веќе познато

Јас сум таа која ја довикуваш...


Донесен како надеж, искрено, непредвидливо

врежан во мојата судбина

и прилепен за секое делче од моето тело

и се е веќе познато

Ти си тој кој што го посакувам…


Пронајдени во еден сон, зарем е вистина

само знам делчиња од себе како поклон ти подарувам

и ова никој не може да ми го одземе

јас сум твојата насмевка

Ти си мојата причина...

Слушни, под нашите нозе нов свет се создава!