Се прашував….што ќе се случи со светот доколку престанам да дишам…
Го задржав здивот и чекав да видам…
Саатот продолжи да чука, гласно и безначајно…безобзирно
Ги извадив батериите но и без него времето продолжи да ита.
Една жена на телевизорот со лажна загриженост прогнозираше врнежи
Ах, колку сме уште мали, кога ќе се присетам, од дождот немаше ни капка.
Еден комарец започна вознемирувачки да зуе околу мојата збунета глава
Се сетив, тие живеат околу дваесетина дена, замавнав да го убијам
Телефонот заѕвоне, а на него твоето име со насмевка
Земав здив храбро…ова не смеам да го пропуштам…

was it me was it me? :D
ReplyDeleteшто ќе се случи со светот ако престанеш да дишеш? па зависи дали ќе престанеш да дишеш умирајќи при огромна светска катастрофа, или можда као бомбаш самоубиец..има доста можности, треба детално да изанализираме :)во меѓувреме тепај ги комарците, вежбај се :)